УЈП со многу важно известување до граѓаните – Рокот истекува во понеделник

Од 862.896 генерирани годишни даночни пријави за 2025 година, до вчера само 27.788 се потврдени, информираше Управата за јавни приходи.

– Иако УЈП ја изготвува ГДП пријавата врз основа на расположивите податоци, даночната обврска за пријавување на доходот не е обврска на институцијата, туку законска обврска на секој граѓанин.

УЈП упати 493.182 лични пораки преку порталот мојДДВ и комуницираше со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни обврзници, како и со стопански комори, со јасен повик граѓаните – нивните вработени и членки, да ги проверат своите ГДП пријави. Но, бројките покажуваат дека свеста за личната даночна одговорност се’ уште не е на потребното ниво.

Секој граѓанин треба да знае: непроверена пријава може да значи нецелосна или неточна пријава што ќе има идни последици, дополнителни постапки, одговорност, трошоци.

Упатуваме јасен повик секој граѓанин да ја провери својата ГДП пријава, да ја потврди или коригира до крајниот рок 1 јуни. Преземете акција веднаш, соопшти УЈП

Можеби ќе ве интересира...

Секоја идеја звучи лудо на почеток – Стартап-финансирање на малите бизниси во ХалкБанк 

BiznisPRO

Во услови на очекуван пад на каматите, сегашниот момент е вистинско време за штедење

BiznisPRO

АТС ГРУП ИЗЛОЖУВАЧ НА ПРЕСТИЖНИОТ САЕМ ЗА ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

BiznisPRO