ПРОМО

Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички.

Исплатата се одвиваше во најдобар можен ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните. Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки.

Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка продолжува со преземање активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со приоритет да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и уредно опслужување на сите клиенти.