МТЕЛ станува генерален спонзор на кошаркарската Прва машка лига, продолжува партнерството со КК Работнички и КК МЗТ Скопје

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, дел од групацијата Телеком Србија, со гордост ја најавува својата нова улога како генерален спонзор на најдоброто клупско кошаркарско натпреварување во Македонија.

„Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија, сме длабоко посветени да соработуваме со спортските федерации и клубови за да ги поттикнуваме заедничките вредности и да промовираме активна, здрава заедница која ги инспирира младите луѓе. Уверени сме дека нашата поддршка ќе придонесе за возбудлива и успешна сезона, каде и клубовите и навивачите ќе уживаат во извонредни спортски достигнувања,“ вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Покрај спонзорството на лигата, МТЕЛ го проширува и партнерството со актуелниот шампион КК МЗТ Скопје, станувајќи генерален спонзор на клубот за претстојната сезона. Ова означува континуирана заложба за зајакнување на локалниот спорт, а особено македонската кошарка.
МТЕЛ, исто така, со големо задоволство ја продолжува својата тековна соработка со најтрофејниот клуб на македонската кошаркарска сцена, КК Работнички чиј генерален спонзор е веќе трета година по ред.

Следејќи ги светските вредности за општествена одговорност, како и корпоративниот код на Телеком Србија групацијата, МТЕЛ во рамки на своите активности продолжува и во иднина да биде поддршка за различни хуманитарни и спортски настани.

Можеби ќе ве интересира...

Во Охрид и Струга СКОПСКО ја стартува инсентив програмата за екстра поени преку Екомак апликацијата

BiznisPRO

Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

BiznisPRO

Халкбанк АД Скопје – Лидер во поддршка на женското претприемништво

BiznisPRO