фото Бизниспро

Извозот за 8 месеци паднал за 5 проценти во споредба со лани, но увозот си расте!

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 319 477.5 милиони денари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 451 884.3 милиони денари, што е за 0.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 132 406.8 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 70.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 5 190.2 милиони евра и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 341.3 милиони евра, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година,
изнесува 2 151.2 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2024 година, изнесува 5 625.3 милиони САД долари и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 955.7 милиони САД долари, што е за 0.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2024 година,
изнесува 2 330.4 милиони САД долари.

Можеби ќе ве интересира...

Скопскиот Регион со најголем удел во БДП, Североисточниот со најмал

BiznisPRO

Откако илјадници семејства се снабдија со инвертери, цените на пелетите паднаа од 190 до 230 денари за вреќа со се достава

BiznisPRO

Инфлацијата успорува: Паѓаат ли каматните стапки?

BiznisPRO