Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, август 2024 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0.6 %, а на годишно ниво за 2.4 %.

Во август 2024, во споредба со јули 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.1 %, додека во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.9 %.

Во август 2024, во споредба со август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 12.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.0%.

Можеби ќе ве интересира...

Кога ќе тргне исплатата на парите од “Мој ДДВ”

BiznisPRO

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 30 јуни 2026

BiznisPRO

Курсна листа за 10-ти февруари 2025

BiznisPRO