фото Бизниспро

УЈП објави листа на должници со ИМИЊА на фирми и луѓе – еве кој колку должи за данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2024 за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до 30.09.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.10/2024 објавени се 1976 должници – правни лица (помалку за 24 од претходната листа) и 3786 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2024 изнесува 11.042.537.967 денари, (помалку за 64.874.753 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.884.428.089 денари, (помалку за 45.943.439 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.109.878 денари (помалку за 18.931.314 денари од претходната листа).

Листата е достапна тука.

Можеби ќе ве интересира...

Убава вест: Следува продолжен викенд

BiznisPRO

Чекаа и дочекаа: Најголем пад на цените на становите од 2000 година

BiznisPRO

УЈП со важно известување до фирмите

BiznisPRO