АТС ГРУП ИЗЛОЖУВАЧ НА ПРЕСТИЖНИОТ САЕМ ЗА ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Најмоќните на едно место, во срцето на САД, во главниот град Вашингтон. Помеѓу стотици изложувачи од целиот свет (повеќе од 700), АТС ГРУП гордо стои рамо до рамо со најмоќните професионалци во одбранбената индустрија, во главниот град на најмоќната држава во светот, како единствена компанија од Северна Македонија и една од ретките на Балканскиот полуостров. Повеќе од 80 земји од светот се присутни преку свои компании како изложувачи на овој саем во организација на Асоцијацијата на Армијата на САД – AUSA 2024.

АУСА се одржува еднаш годишно и ги обединува на едно место производителите, највисоките претставници на американската армија, официјални делегации, експерти, истражувачи, инвеститори, како и новинари кои покриваат одбранбени и безбедносни прашања. AUSA е најзначајниот меѓународен саем од одбранбената индустрија на американскиот континент и секако еден од најзначајните и највлијателните во светски рамки.

Оваа година АТС ГРУП започна со производство технички текстил и во Вашингтон ги изложи своите нови производи АТС УД АРАМИД 230 и АТС УД АРАМИД 540 неопходни за изработка на поголем дел од балистичките производи, секако покрај веќе добро познатите свои производи и опрема од областа на балистиката. Овој саем е одлична можност нашата групација повторно да докаже дека поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, како и професионален менаџмент кој ја претставува и раководи групацијата.

AUSA 2024 се одржува во период на значителни тензии во светот, а истиот овозможува и создавање на нови партнерства, панел дискусии и семинари за релевантни безбедносни теми кои се од круцијално значење за креирање на одбранбени политики во светски рамки. АТС ГРУП како македонска компанија, на светската одбранбена мапа ја поставува и Северна Македонија како сериозен чинител кој е еднаков и со најголемите светски производители и професионалци во одбранбениот сектор.

АТС ГРУП е со седиште во Скопје и е корпорација составена од четири компании, од кои три во Скопје и една во Самоков со вкупно повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Групацијата работи исклучиво согласно највисоките светски стандарди, а произведуваме широк асортиман на производи, чиј квалитет е веќе препознатлив во светски рамки, за што говорат бројните награди и признанија. АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција, како и целосни линии на машини за производство на муниција и технички текстил со што од година во година постојано го зголемува својот извозен капацитет и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.

Можеби ќе ве интересира...

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

BiznisPRO

Како да препознаеме стрес и анксиозност, и како да ги надминеме по природен пат!

BiznisPRO

Нина Ангеловска и Петар Ниновски на втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на Халкбанк АД Скопје

BiznisPRO