Defender на Скопски џез фестивал

Defender како партнер на Скопскиот џез фестивал влегува во инспиративна приказна со оваа водечка културна манифестација, која има извонредна репутација во Европа и светот.

Соработката со Скопскиот џез фестивал се наметна како природна емотивна врска. Defender ги следи принципите на модерниот луксуз и зрачи со уникатност, создавајќи доживувања кои се паметат. Со мотото „Зграпчете го невозможното“ Defender се обраќа на авантуристичкиот дух на  својата публика. 

Британската марка, нескриено го почитува своето наследство, оригиналниот Land Rover од 1948 година и недвосмислено вложува во културни настани кои очигледно со генерации допираат до срцата на публиката.

Скопскиот џез фестивал по фасцинантен 43-ти пат ќе ги собере почитувачите на еден од најслободните, најуникатните, најотмените музички правци и вонсериските светски џез уметници  на едно место, па Defender ќе се најде меѓу своите, слободоумните трагачи по нови искуства. 

Авантурата, слободата и истражувањето го дефинираат Defender, а воедно и вљубениците во џезот, публика со истенчен музички вкус, која бара бегство од конвенционалното музичко секојдневие. 

Во чест на смелата синергија со 43-тиот Скопски џез фестивал, за време на фестивалските денови од 17-20 октомври, пред влезот на Националната опера и балет, ќе биде изложен моделот Defender 110. Избран наменски за оваа пригода: жесток, мускулест и темен како контратежа на бруталистичките линии на објектот, креирајќи неповторливо Defender искуство во живо.

Ден пред почетокот на фестивалот се подготвува и средба во ритамот на џезот со сегашните и идни сопственици на автомобил од оваа марка, пријатели на Аутомобили Гроуп. Тоа ќе биде собир на несопирливи ентузијасти подготвени за големи нешта, со Defender. 

Дознајте повеќе за Defender: https://macedonia.landrover.com/defender/overview

Можеби ќе ве интересира...

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24% во првите девет месеци од 2024

BiznisPRO

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

BiznisPRO

Како да ги реактивирате гените на младоста, и вашата кожа на лицето да изгледа неколку години помлада?

BiznisPRO