Во текот на октомври, потрошувачите од Северна Македонија имаа можност да ја искусат извонредноста на европските земјоделски прехранбени производи за време на серијата промоции посветени на конзервирана праска со потекло од Грција кои се реализираа во маркетите. Во период од 1.10. до 18.10.2024 година, на 11 клучни локации во Скопје, беа одржани дегустации кои значително придонесоа за доближување на европскиот квалитет и безбедност на храната до свеста на потрошувачите, истовремено воодушевувајќи ги со вкусовите на праската.
Овие активности – дел од кампањата “Вкусовите на Праската” (Peach Flavors) финансирана од ЕУ, имаа за цел подигање на свеста за исклучително високите стандарди за квалитет и безбедност на европските прехранбени производи и поттикнување на посилни релации меѓу Северна Македонија и ЕУ во областа на земјоделско-прехранбениот сектор.
Кампањата “Вкусовите на Праската” (Peach Flavors) иницирана од Делкоф СА (Delcof S.A.), Грчката мрежа за индустрија на конзервирано овошје и поддржана од Европската Унија, ги промовира висококвалитетните земјоделски производи, ги нагласува строгите прописи и регулатива за безбедност на храната и премиум методите на производство – белег на земјоделството во ЕУ. На промоциите беа претставени Европските праски од Грција, препознатливи по својот квалитет и вкус. Активностите одржани на различни малопродажни локации низ Северна Македонија, им овозможија на потрошувачите да ги вкусат и пробаат праските притоа добивајќи детални информации за придобивките од производството поддржано од ЕУ, обезбедувајќи одржливост, безбедност на храната и извонредност.
Оваа иницијатива исто така имаше за цел да се продлабочи разбирањето на посветеноста на ЕУ за поддршка на локалните економии и производството на храна преку одржливи и иновативни земјоделски практики. За време на промоциите беа дистрибуирани и информативни брошури и споделени информации за внимателните производствени процеси кои обезбедуваат висок квалитет на производите на ЕУ, засилувајќи ја важноста на безбедноста на храната и предностите од консумирање производи со Европски сертификат. Дополнително, со реализираната активност целта беше да создаде посилна доверба кај потрошувачите во европските производи на пазарот во Северна Македонија.