Отворен конкурс за млади девојки и жени од техничките факултети преку иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

Групацијата Лимак во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG) ја продолжува поддршката за зголемување на бројот на девојки и млади жени во областа на науката, технологијата и инженерството (СТЕМ) во земјава. Сите девојки и жени кои студираат на техничките факултети на државните универзитети и сакаат да стекнат дополнителни вештини и знаења, можат да се приклучат кон оваа иницијатива.

Процесот на аплицирање за учество во иницијативата GEG North Macedonia на Групацијата Лимак ќе биде отворен од денес и ќе трае до 15 ноември годинава. Заинтересираните студентки кои ги исполнуваат условите можат да се пријават, а детални информации за конкурсот можат да се најдат на веб – страницата: https://northmacedonia.globalengineergirls.com

Како и претходните години, студентките што ќе се пријават на овој, трет конкурс на иницијативата GEG North Macedonia, ќе имаат можност да добијат стипендија, менторска поддршка, обуки за стекнување дигитални и „меки“ вештини, учество во различни активности и работилници како дел од тридневното GEG дружење во Истанбул, како и можности за практикантска работа и вработување.

На претходните конкурси интересот за можностите што ги нуди иницијативата GEG North Macedonia беше голем меѓу младите студентки кои се едуцираат за да изградат кариера во техничките области. Изразувајќи задоволство од досегашниот интерес за иницијативата, Еда Јегиналтај-Курт, член на Управниот одбор на Лимак Скопје и на Фондацијата Лимак и градежен инженер со повеќе од 30 години професионално искуство во градежната индустрија, како и ментор во програмата на Global Engineer Girls North Macedonia, истакна:

„Посветени сме на создавањето родова еднаквост и зголемување на учеството на жените во инженерските професии. За мене една од најважните работи во мојата кариера е можноста да се мотивираат и поттикнуваат нашите идни колешки. Ме прави среќна што вредноста на нашата иницијатива беше веднаш препознаена во заедницата и уште на самиот почеток имаше голем интерес помеѓу младите жени и девојки кои сакаат да станат инженерки. Поддршката што ја добиваат преку иницијативата GEG North Macedonia им овозможува покрај другите бенефити, да стекнат знаење и искуство од индустријата и да ги развијата своите таленти во СТЕМ областа. Се надеваме дека преку оваа наша иницијатива ќе продолжиме да градиме добра основа за одржлив економски развој, преку поголема вклученост на жените во овие области“.
Иницијативата GEG се залага за родова еднаквост и јакнење на жените во општеството, преку поголема вклученост во јавниот живот и во сфери и професии каде што има простор за поголема застапеност. Се работи за меѓународна филантропска иницијатива која произлезе од организациската култура на Групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областите. За прв пат иницијативата Global Engineer Girls започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а од пред две години нејзините активности се проширија и во Северна Македонија и Косово.

Можеби ќе ве интересира...

Халкбанк ги носи децата на планетата Ѕвездалија за месецот на штедењето

BiznisPRO

Халкбанк e генерален партнер на The Founder Games – Првото реално шоу за стартапи

BiznisPRO

Нина Ангеловска и Петар Ниновски на втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на Халкбанк АД Скопје

BiznisPRO