Трговската размена на Северна Македонија во пад – Дефицитот достигна 144 милијарди денари во првите девет месеци од 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 360 735.1 милион денари и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 505 021.1 милион денари денари, што е за 0.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 144 286.0 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 71.4 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – септември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 5 861.1 милион евра и бележи пад од 6.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 205.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 2 344.3 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 6 370.4 милиони САД долари и бележи пад од 5.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 915.1 милион САД долари, што е за 0.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2024 година, изнесува 2 544.7 милиони САД долари.

Можеби ќе ве интересира...

По глобалниот крах: Фејсбук и Инстаграм се вратија, сè уште нема објаснување за проблемот

BiznisPRO

Рекордна добивка на банките во Црна Гора

BiznisPRO

Денеска започнува Глобалната недела на парите 2024: „Заштитете ги вашите пари, обезбедете ја вашата иднина“

BiznisPRO