На американските берзи цените на акциите силно пораснаа, по добрите економски показатели.
Според податоците Dow Jones зајакна 1,02 отсто, на 42.221 поени, додека S&P 500 порасна за 1,23 отсто, на 5.782 поени, а индексот Nasdaq 1,43 отсто, на 18.439 поени.
Најмногу вчера пораснаа цените на акциите во индустрискиот и трговскиот сектор, за повеќе од 1,6 отсто, откако беа објавени подобри од очекуваните економски показатели.
Индексот на активност на ISM во услужниот сектор во октомври се искачи на 56 поени, највисоко ниво од средината на 2022 година, додека аналитичарите очекуваа пад на индексот во однос на претходниот месец.