Николау: Градежната индустрија има потенцијал на раст

Главниот извршен директор на ТИТАН УСЈЕ во интервју за програмата на Блумберг Адриа вели дека по неколку нестабилни години, поради војните и енергетските предизвици, градежната индустрија се враќа на старите патеки на раст. „Горди сме на тоа дека ТИТАН Групацијата и ТИТАН УСЈЕ покажаа висока адаптибилност и агилност соочувајќи се предизвиците, но и на тоа дека научивме дека треба постојано да сме подготвени, зашто кризите доаѓа ненадејно“, рече Николау.

„Трендот на раст во градежната индустрија се темели врз иновативните технологии, значајните институционални инвестиции, концентрацијата на популацијата, но во последно време и врз одржливо производство на нови градежни материјали со намалено влијание врз животната средина. ТИТАН УСЈЕ веќе произведува цементи со редуциран CO2, кои потрошувачите ги препознаа, зашто знаат дека не прифаќаме каков било компромис во однос на квалитетот“, истакнува Николау во интервјуто за Блумберг Адриа.

Можеби ќе ве интересира...

Стратешко созревање – каде сме и каде одиме? Лидерството и човечките ресурси како главни постулати за економски раст и развој

BiznisPRO

Минимално поевтинување на горивата

BiznisPRO

Рудник САСА и за овие празници ја продолжитрадиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени

BiznisPRO