Осмо издание на Деновите на финансиската писменост 26 -28 ноември 2024 година

Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто се организираат од финансиските регулаторни институции: Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор.

МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво А.Д. Скопје, ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната и социјалните медиуми на МАПАС и на пензиските друштва и да се информираат и едуцираат за капитално финансираното пензиско осигурување и својата индивидуална сметка. Навремена информираност за состојбите во пензискиот систем и своите права и обврски на членовите, ќе им овозможи да донесат одлука во вистинско време и да се обратат за помош на вистинското место, но и да преземат други ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба и пензиска заштеда која ќе им овозможи сигурни пензионерски денови.

Деновите на финансиската писменост оваа година ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. За спроведување на финансиска едукација и финансиска инклузија во делот на капитално финансирано пензиско осигурување ги споделуваме следните активности за одбележување на Деновите за финансиска писменост 2024 година и тоа на:
 26.11.2024 година во 11 часот: одржување на едукативен настан за професорите и студентите на Универзитет Скопје;
 27.11.2024 во 12 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар во ОOУ „Свети Климент Охридски“ – Општина Бутел;
 28.11.2024 во 13.30 часот: одржување на едукативен настан за наставниот кадар од основните училишта на Општина Кисела Вода.
Целта на овие активности кои ги спроведуваме е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

Можеби ќе ве интересира...

Регионалниот проект за управување со цврст отпад во земјата, финансиран од ЕБОР, добива дополнително финансирање од ЕУ

BiznisPRO

Колку ќе чини еврото, а колку доларот – Курсна листа за 14 март 2025

BiznisPRO

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2024 година

BiznisPRO