„Од 2 до 4 декември ќе се одржат настаните „Живот и работа во Словенија“

По минатогодишните успешно организирани настани со наслов: Живот и работа во Словенија“, Заводот за вработување на Република Словенија, во првата недела од декември ќе организира уште три слични настани, на кои словенечките работодавачи ќе имаат можност да се поврзат со барателите на работа од цела Македонија.

На настаните оваа година ќе присуствуваат 22 реномирани словенечки работодавачи од различни делови на Словенија, кои вработуваат вкупно повеќе од 17.000 работници. Најголем дел од нив се од секторите: здравство и социјална заштита, транспорт и складирање, преработувачка индустрија, како и од градежништвото, од туризмот и  од други дејности.

На настаните во Скопје, Штип и Прилеп, ќе учествуваат работодавачи кои имаат потреба за работници од различни професии, а првенствено, се бараат соодветни кандидати за работа во здравството и негата, за возачи на камиони и автобуси, магацински работници, готвачи, келнери и други угостителски и туристички работници, производствени работници, различни профили на работници во градежништвото итн.

Главната цел на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на странските лица кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.

Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот во:

  • Скопје, понеделник, 2.12., хотел „DoubleTree by Hilton Skopje“,
  • Штип, вторник, 3.12., хотел „Оаза“,
  • Прилеп, среда, 4.12., хотел Кристал Палас.

Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството итн., на разбирлив начин, бидејќи на таков начин, на работниците мигранти, може да им обезбедат еднакви права и третман како на домашните работници, да се олесни нивната успешна интеграција во општеството и истовремено да се намали можноста за нивна експлоатација или злоупотреба на работното место.

Со ова на работниците-мигранти, би им се понудила активна поддршка пред, за време и по миграцијата во Словенија, со сите клучни информации за условите за живот и работа во земјата, додека на работодавачите им се нуди помош и поддршка во сите чекори од процесот на вработување на странски работници.

Заводот за вработување е свесен за неопходноста од обезбедување соодветна заштита на работниците во работните миграции. Затоа, посебен акцент ќе биде ставен на претставување на законодавните новитети и други информации од областа на вработувањето на странците, за условите за работа и живот во Словенија, како и за помошта што ја нуди словенечкиот завод за вработување за обезбедување што покомплетни и веродостојни информации за вработувањето и животот во Словенија, како и за условите и постапките за вработување на странци.

Групните презентации на сите локации ќе се одржуваат двапати дневно: во 12:00 и во  15:00 часот. Исто така, ќе биде овозможено и индивидуално советување со консултантите на Заводот.

 

Можеби ќе ве интересира...

Економскиот факултет при УКИМ и ИСОС склучија Меморандум за деловно-техничка соработка

BiznisPRO

ОКТА продолжува со спроведување на донаторски проекти во обновливи извори на енергија

BiznisPRO

ЦЕНТАРОТ НА ТИКВЕШИЈАТА РАСТЕ ВО МОДЕРЕН ГРАД: Поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO прозорци 

BiznisPRO