Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка, која опфаќа повеќе од 800 производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, од кога започнува акцијата за новогодишна кошница, којашто пред десетина дена беше најавена на прес-конференција во Владата, објасни дека акцијата започнува од 15 декември, а бројката на производи е зголемена за повеќе од 800.

Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат, којшто континуирано ќе ја следи работата на маркетите, и очекувам навистина да биде како да кажам, семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на цените на овие производи.

Можеби ќе ве интересира...

Министрите за економија на Западен Балкан се собраа во рамките на Берлинскиот процес: Фокус на регионалната економска интеграција

BiznisPRO

Халки Поткаст – простор за развој на родителите и децата

BiznisPRO

Ни загорчи и ајварот и зимницата – Како да се преживее скапотијата во Македонија?

BiznisPRO