Граѓаните кои редовно скенираа фискални сметки во текот на јули, август и септември годинава го очекуваат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност преку мерката „МојДДВ“.
Со оглед на тоа што законскиот рок за исплата е 60 дена по завршувањето на тримесечјето, а последниот ден од рокот паѓа во недела, средствата се очекуваат најдоцна до понеделник, 30 ноември.
Максималниот износ што може да го добие еден корисник за тримесечјето е 2.100 денари, во зависност од износот на остварениот поврат преку скенираните фискални сметки.
Граѓаните кои во меѓувреме ја промениле својата трансакциска сметка треба да проверат дали во системот се внесени точните банкарски податоци, со цел да избегнат евентуални проблеми при исплатата.
Овие средства ќе бидат добредојдени за многу семејства, особено во пресрет на декемвриските и новогодишните трошоци.
