Инфлацијата во Германија највисока во последните 11 месеци

Како што објави германската Федерална статистичка служба (Дестатис) годишната стапка на инфлација во Германија, според прелиминарната проценка, порасна во декември од ноемвриските 2,2 на 2,6 отсто.

Растот на инфлацијата во Германија, кој сега е највисок во последните 11 месеци, ги надмина очекувањата на експертите кои очекуваа дека ќе скокне на 2,4 отсто.

Цените на услугите се зголемени за 4,1 отсто на годишно ниво, а на храната за два отсто, и во двата случаи со побрзо темпо од ноември.

Спротивно на тоа, цените на енергијата паднаа за 1,7 отсто на годишно ниво, со значително побавно темпо од ноември, кога паднаа за 3,7 отсто на годишно ниво.

На месечно ниво цените во Германија се зголемени за 0,4 отсто во однос на ноември.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија исто така се зголеми од три отсто во ноември на 3,1 отсто во декември, објавено е на веб-страницата Дестатис.

Според очекувањата, просечната стапка на инфлација во Германија за цела 2024 година ќе изнесува 2,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Државата го забрани iPhone 16, а еве ја причината

BiznisPRO

Доларот зајакна во однос на повеќето други валути

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0.2 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец

BiznisPRO