Стоковна размена со странство, јануари – ноември 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 444 089.1 милион денари и бележи пад од 5.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 623 155.5 милиони денари, што е за 0.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 179 066.4 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 71.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 2 909.9 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 832.8 милиони САД долари и бележи пад од 5.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 988.1 милиони САД, долари што е за 0.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 3 155.3 милиони САД долари.

Можеби ќе ве интересира...

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

BiznisPRO

Најголем пад на стандардот во Германија од Втората светска војна

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO