Соопштение на УЈП:
Даночни обврзници на данокот на добивка и вршители на дејност кои водите деловни книги, доколку во текот на 2024 година имате средства кои понатаму не можат да се користат, односно се трајно надвор од употреба, а кои имаат нето сметководствена вредност, најдоцна до 31 јануари 2025 година до УЈП поднесете:
Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) eлектронски преку преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk
Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат:
средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност;
средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба;
средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и
средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет.
Барањето ДД-БС и ДЛД-БС се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација во целина да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка односно данок на личен доход.
Во прилог на барањето ДД-БС задолжително се поднесува:
Список на средства кои не можат понатаму да се користат
Во списокот треба да се содржани следните податоци: назив на средството кое се отпишува, инвентарен број, амортизациона група и подгрупа на која средството припаѓа, набавна вредност, исправка на вредност и сегашна вредност на средствата што се отпишуваат со состојба на 31 декември 2024 година.
Акт со кој се уредува начинот на пресметување на амортизацијата
Одлука за усвојување на извештајот за попис и евидентирање на утврдените разлики, донесена од органот на управување на друштвото односно од обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност
Изјава дека средствата не можат понатаму да се користат во која се наведува причината поради која истите не може да се користат.
За дополнителни информации или поддршка во врска со барањето ДД-БС и ДЛД-БС, може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
телефон: 0800 33 000; 02 3253 200