Охрид Мол – се збогатува со нови модни брендови и содржини 

Охриѓани, но и населението од регионот за прв пат ќе имаат можност во својот град да купат модни парчиња од познатиот моден ланец MEGA FASHION – мултибренд продавницата која претставува OUTLET на брендирана облека по многу поволни цени на Inditex групацијата (ZARA, BERSHKA, DUTTI, Stradivarius, Pull & Bear, ОYSHO).

Дополнително гастрономската понуда за Охриѓани ќе биде збогатена со отворање на рeномиран lounge bar од брендот Nocciolino кој ќе понуди италијански вкусови на храна и пријатна атмосфера во комбинација со кафе, коктели и џелато. На површина од приближно 350 м2 на една од најатрактивните позиции во рамките на трговскиот центар.

Понудата на содржини ќе биде проширена и со модниот бренд за аксесоари и модни додатоци DUKI DASO, како и со експозитура на една од водечките банки – Халк Банка.
Покрај веќе потврденото влегување на новите брендови во склоп на Охрид Мол свои продавници за облека ќе има и германскиот моден бренд NewYorker, спортската мултибренд продавница D Sport, модниот бренд од Полската групација LPP – SYNSAY, како и ЖИТО МАРКЕТИ, Sara Fashion, UNO, Play Park и останати.

Повеќе од сигурно, во мај 2025, градот Охрид и регионот, со Охрид Мол добиваат совршена комбинација на мода, забава и нов културен импулс правејќи го трговскиот центар посакувана и атрактивна дестинација за сите генерации.

Можеби ќе ве интересира...

Автоматизирани сефови од Халкбанк – единствени на пазарот што нудат сигурност и 24/7 достапност до нашите вредни работи

BiznisPRO

ЕОС Матрикс Македонија со нови алатки базирани на вештачка интелигенција ја подигнува ИТ безбедноста на финансиските услуги 

BiznisPRO

Халкбанк ја доби наградата „STP AWARD 2023“ од Комерцбанк

BiznisPRO