фото Бизниспро

Стоковна размена со странство, јануари – декември 2024 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 478 808.0 милиони денари и бележи пад од 6.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 680 709.1 милиони денари што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 201 901.2 милиони денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 70.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – декември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 062.4 милиони евра, што е за 0.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 3 281.2 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 8 425.3 милиони САД долари и бележи пад од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 969.6 милиони САД долари, што е за 0.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 3 544.4 милиони САД долари.

Можеби ќе ве интересира...

Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител

BiznisPRO

Дали знаевте дека Google тајно снима сè што ќе кажете? Еве како да го исклучите

BiznisPRO

И на крај нагодба: Поради канцерогениот прав – 6,48 милијарди долари

BiznisPRO