Индекси на цените во земјоделството, јануари 2025 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2025 година,
во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 5.9 % а кај аутпутот е зголемен за 20.8 %.

Во јануари 2025 година, во споредба со јануари 2024 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени
средства во земјоделството) изнесува 106.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во
земјоделството) изнесува 103.7.

Во делот аутпут, во јануари 2025 година, во споредба со јануари 2024 година, индексот на цените на растителното
производство изнесува 123.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 111.9.

Можеби ќе ве интересира...

SEED+ ја зајакнува Стратегијата за управување со царински ризик на ЦЕФТА 2025-2028 во Палермо

BiznisPRO

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

BiznisPRO

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): четврт квартал на 2024 година

BiznisPRO