Серија на популарните слатки се повлекуваат од пазарот во БиХ

Производителот Јафа Црвенка доброволно го повлекува популарниот производ Rum Cassato во пакувања од 120 грама од пазарот во Босна и Херцеговина, поради присуство на тврди парчиња шеќер, соопштија надлежните институции во БиХ.

Како што соопшти Агенцијата за безбедност на храната на БиХ, отповикувањето се однесува на Rum Cassato со следните датуми на истекување: 10, 14, 23, 24, 25 и 26 јули.

– Агенцијата ги достави сите достапни информации до надлежните инспекциски органи во БиХ за да може да се преземат дополнителни мерки – се наведува во официјалното соопштение.

Можеби ќе ве интересира...

По 11 години: Зголемен кредитен рејтинг

BiznisPRO

Просечната бруто плата во Србија изнесува 148 илјади 428 динари

BiznisPRO

Потрошувачка кошничка во Црна Гора 2.000 евра

BiznisPRO