Извршниот директор на Униливер сменет од функцијата

Како што јавуваат медиумите, британскиот гигант за широка потрошувачка Unilever ненадејно го смени својот извршен директор Хајн Шумахер, кој беше на чело на компанијата нешто повеќе од една и пол година. Неговото место го зазема актуелниот финансиски директор Фернандо Фернандез, со задача да го забрза растот и да ги подобри резултатите на компанијата.

Унилевер, познат по брендовите како сапун Dove, дезодорансот Rexona, мајонезот Hellmann и сладоледот Ben & Jerry, објави дека Шумахер официјално ќе ја напушти компанијата на 31 мај. Претседателот на компанијата Иан Мекинс му се заблагодари за ресетирањето на стратегијата и дисциплината што ја донесе, но јасно се почувствува дека е потребен поинаков пристап.

Новоименуваниот извршен директор Фернандез претходно го водеше секторот за убавина и здравје на Унилевер, кој покажа силен раст. Одборот на директори верува дека неговиот фокус на резултатите и брзината на промените ќе ја донесат потребната динамика во компанијата.

Инвеститорите реагираа со три отсто пад на акциите на Унилевер, додека аналитичарите велат дека Фернандез би можел да биде клучна фигура за забрзување на бизнисот, со оглед на неодамнешниот пад на профитот и бавниот почеток на 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

„Лего“ лани отвори 147 нови продавници: Погледнете колку пораснале приходите на оваа данска компанија

BiznisPRO

Бундесбанк: На кризата во Германија не и се гледа крај

BiznisPRO

Усвоен закон: Неработна недела за трговските работници во Босна

BiznisPRO