Nvidia забележа годишен раст на приходите од 114 проценти

Победник за 2024 година може слободно да се каже дека е американскиот производител на чипови Nvidia, кој се пофали дека нивните приходи за целата фискална година пораснале за 114 отсто на 130,5 милијарди долари.

Nvidia објави рекорден квартален приход од 39,3 милијарди долари во фискалниот четврти квартал кој заврши на 26 јануари, што е за 12 отсто повеќе од третиот квартал и 78 отсто повеќе од истиот квартал во 2024 година.

Побарувачката за новите чипови Блеквел е „неверојатна“ и дека вештачката интелигенција „напредува со брзина на светлината“ – изјави Извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг.

NVIDIA сега очекува да забележи приход од 43 милијарди долари во тековниот фискален прв квартал.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

BiznisPRO

Ќе поскапат ли кредитите? Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

BiznisPRO

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2026 година

BiznisPRO