Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, четврто тримесечје од 2024 година

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со третото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 0.7 %, трошоците за материјали се намалени за 0.3 %, а трошоците за вработените се зголемени за 3.0 %.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2023 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 9.0 %, трошоците за материјали за 8.6 %, а трошоците за вработените за 9.8 %.

извор Државен завод за статистика

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓа продолжен викенд, а потоа и уште еден празник во октомври – еве ги сите празници до крајот на годината

BiznisPRO

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА УДАР: Се најавуваат големи промени за работа и пензија

BiznisPRO

Расте бројот на работниците во индустријата

BiznisPRO