Објавен е Јавен повик бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година

Денес е објавен Јавен повик бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година.

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка од мерката 213 – помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка за тaрдиционалното сточарство (плати за овчари, козари и говедари).

Корисници на оваа мерка се сите земјоделски стопанства кои исплатиле плата за периодот од 01 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, како трошок за чување и напасување на добиток (овци, кози и/или говеда).

Критериумите за висината на исплатената плата се наведени во Јавниот повик објавен на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 31.03.2025 година, барањата доставени после дадениот рок нема да бидат разгледувани.

Можеби ќе ве интересира...

Колку ќе чинат девизите денес? Курсна листа за 1.03.2025

BiznisPRO

Падот на германската економија запре, покажуваат најновите проценки

BiznisPRO

ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во 2024 година во Северна Македонија

BiznisPRO