Секој четврт македонски граѓанин сиромашен

Врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика ги пресмета лаекенските индикатори за сиромаштијата за 2022 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија била 22.9 %.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година е 27.2 %. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8.9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 9.9 %. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) е 29.8 %.

Можеби ќе ве интересира...

Колку чинат девизите денеска – Курсна листа за 15-ти јули 2025

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во петок? Објавена курсната листа за 30.08.2024

BiznisPRO

Дали знаевте дека Google тајно снима сè што ќе кажете? Еве како да го исклучите

BiznisPRO