И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ

Казни во вредност од осум илјади триста и педесет евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет оператори со храна – месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава, информира АХВ.

Како небезбедни уништени се 323 килограми храна.

Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените.

Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај три месраници, а исто толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Можеби ќе ве интересира...

Синдикалната кошничка за април “посолена” за 1.217 денари

BiznisPRO

Одбележана 100 годишнината на Светскиот ден на штедењето

BiznisPRO

Дизелот достигна 95,5 денари за литар – од денеска повторно поскапување на горивата

BiznisPRO