фото Бизниспро (c)

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2025 година

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, изнесува -1.3 %.

Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 3.0 %, Транспорт за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 % и Разновидни стоки и услуги за 0.3 %.

Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0.4 %, Ресторани и хотели за 0.3 %, Комуникации и Здравје за 0.2 % и Рекреација и култура за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2025 година во однос на февруари 2025 година изнесува 99.1.

Индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.2 %.

Можеби ќе ве интересира...

Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври

BiznisPRO

Курсна листа за 5-ти август 2025 – Колку чинат девизите во вторник?

BiznisPRO

Во тек рокот за поднесување Барање за паушално оданочување за 2026 година

BiznisPRO