Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

Aleph, глобална мрежа на дигитални експерти која иновира на пресекот помеѓу медиумите и плаќањата, и Spotify, најпопуларната услуга за стриминг на аудио содржини со претплата во светот, денес објавија проширено партнерство со кое Aleph станува партнер за продажба на реклами на Spotify во повеќе од 80 пазари, овозможувајќи пристап до повеќе од 20.000 огласувачи.

Spotify Advertising го модернизира своето рекламно-технолошко портфолио, ги зајакнува партнерствата и ја продлабочува експертизата на своите тимови со цел да им овозможи на огласувачите полесно купување, креирање, мерење и постигнување конкретни резултати преку Spotify рекламната платформа. Овие напори претставуваат значаен напредок во автоматизираното купување и креативната иновација во рамки на рекламната платформа, како и пошироко во индустријата на дигитален аудио маркетинг. Особено значајно е тоа што Spotify продолжува да ја унапредува својата платформа за самостојно рекламирање – Spotify Ads Manager – со понапредни можности за таргетирање, нови 1P и 3P решенија за мерење, и нови цели базирани на резултати кои им помагаат на огласувачите од сите големини да креираат, оптимизираат и мерат свои кампањи на Spotify, вклучувајќи ги Spotify Pixel, Custom Audiences, клучни партнерства со трети страни и новата цел „Инсталација на апликации“.

Aleph е доверлив партнер на Spotify уште од 2013 година, кога партнерството започна со 4 земји. Новoпотпишаното партнерство ја донесува целосната палета на услуги на Aleph – вклучително и продажба на медиумски простор на локално ниво, решенија за плаќање, креативна поддршка и автоматизација базирана на перформанси – со цел ефикасно монетизирање на рекламниот инвентар на Spotify и поврзување на брендот со огласувачите, поедноставувајќи и проширувајќи ги рекламните решенија на Spotify во 80+ пазари, меѓу кои и Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Северна Македонија, Унгарија, Словачка, Словенија, Србија, Хрватска и Чешка.

Тимовите на Aleph ќе имаат пристап до Ads Manager на Spotify за да ги водат огласувачите и агенциите со цел да ја искористат целосната моќ на платформата – од различни рекламни формати до прецизно таргетирање – за да допрат до слушателите во клучни моменти, како вежбање, периоди на фокусирана работа или патување, нудејќи уникатни можности за брендовите да се поврзат со својата целна публика кога таа е најангажирана и да ги исполнат своите маркетинг цели.

Клучните придобивки за огласувачите кои ја користат Spotify Ads Manager преку Aleph вклучуваат:

  • Пристап до рекламни формати на Spotify: Огласувачите ќе можат да ги искористат уникатните аудио и видео формати на Spotify за креирање успешни кампањи. Spotify неодамна воведе нови рекламни формати преку Ads Manager, вклучувајќи ги Canvas и Opt-in Video. Овие формати ја реосмислуваат улогата на рекламите на Spotify и начинот на кој огласувачите се поврзуваат со публиката преку звук и слика.
  • Купување според целта на кампањата: Ads Manager-от им овозможува на огласувачите да изберат цели како досег, импресии, кликови или видео прегледи за прецизно таргетирани кампањи. Spotify неодамна објави нови цели базирани на резултати за да им помогне на огласувачите да создаваат, оптимизираат и мерат кампањи, вклучувајќи нови цели за инсталација на апликации и зголемување на сообраќај кон веб-страница.
  • Ниски трошоци: Флексибилните дневни или вкупни буџети ја прават рекламата на Spotify подостапна и поефикасна благодарение на управувањето со кампањи од страна на Aleph.

„Возбудени сме што партнерството со Spotify сега опфаќа повеќе од 80 пазари,“ изјави Раде Тричковиќ, Регионален директор за Јужна Европа во Aleph. „Нашата заедничка посветеност на иновациите и обезбедувањето извонредна вредност за огласувачите го прави ова партнерство природен чекор кон успешна транзиција.“

Додека продолжуваме да го развиваме нашиот рекламен бизнис, со задоволство ја споделувам веста дека стануваме партнери со Aleph со цел да ги оптимизираме операциите, да понудиме подобри решенија за огласувачите и поефикасно да го прошириме нашиот бизнис. Со лансирањето на нашите поавтоматизирани решенија и исклучителната глобална мрежа и екстензивна локална експертиза на Aleph, сега можеме да им понудиме на огласувачите низ целиот свет нови алатки и ресурси кои ќе им помогнат да ги постигнат своите цели,“ изјави Сем Беван, Глобален раководител na одделот за развој и скалирање во Spotify.

Можеби ќе ве интересира...

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

BiznisPRO

ЕОС Матрикс Македонија со нови алатки базирани на вештачка интелигенција ја подигнува ИТ безбедноста на финансиските услуги 

BiznisPRO

„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

BiznisPRO