ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

Стратегијата за 2025-2030 се фокусира на стратешките приоритети во земјата .

  • Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности
  • Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина
  • Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија  за  Северна Македонија за следните пет години (2025-2030).

Стратешките приоритети се:

  • Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, преку инвестирање во отпорна, интегрирана инфраструктура и поддршка на подлабока поврзаност на ланецот на вредности
  • Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, преку декарбонизација, зелени инвестиции, и промовирање на одржлив и инклузивен општински и јавни услуги.
  • Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија преку зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, подобро управување и справување со демографските предизвици преку зајакнување на развојот на вештини и економска инклузија.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Нашата нова Стратегија за Северна Македонија ја определува нашата јасна и амбициозна визија во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија. Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Северна Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат.ˮ

ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

Можеби ќе ве интересира...

Пченицата ќе се откупува по 12 денари

BiznisPRO

Курсна листа за 19 март 2025

BiznisPRO

Се токмат нови цени на горивата

BiznisPRO