Полнете резервоари: Ново сериозно зголемување на цените на бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот порасна на околу 83.625 долари

BiznisPRO

Во мај 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 %

BiznisPRO

Народната банка ја објави платежната статистика за вториот квартал од 2024 година: Натамошен позитивен тренд на раст на дигиталните плаќања

BiznisPRO