Пченицата ќе се откупува по 12 денари

„На денешната прес-конференција сакаме да ја информираме јавноста и земјоделците околу постигнатиот договор за откупот на лебното жито од реколтата 2025. На почетокот сакам да истакнам дека имаме зголемени површини засеани под пченица и јачмен. Согласно првичните информации кои пристигаат од терен, имаме зголемен принос по единица хектар и квалитет кој исто така е во одлична кондиција”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Министерот информираше дека Министерството одржа серија на состаноци со потсекторската група, со претставници на земјоделски здруженија и претставници од мелничко-пекарската индустрија.

„Она што сакам да ги информирам земјоделците и сите оние кои ќе имаат наредниот период предавање на пченица од реколтата 2025-та година – согласно приносот и квалитетот оваа година, мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија во прва категорија, затоа што квалитетот, како што потенцирав, е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат”, појасни министерот Трипуновски.

Тој смета дека со зголемената количина и оваа откупна цена која за разлика од минатата година е зголемена, е стимул за земјоделците. Министерството и Владата се грижат трудот на македонскиот земјоделец да биде вреднуван.

„Очекувам дека жетвата во наредниот период ќе заврши во најдобар тек”, додаде тој.

Министерот посочи дека тенденцијата на Министерството е да се стигне до нивото на производство кое ќе ги задоволи домашните потреби.

Можеби ќе ве интересира...

Стопанската комора на Северозападна Македонија ги поздрави мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот

BiznisPRO

РЕПЛЕК: Идната година планираме раст на приходите за 25%, засилени инвестиции во иновација и проширување на производството

BiznisPRO

Ценовен шок во Македонија: Основните прехранбени производи поскапеа до 20% – Граѓаните загрижени

BiznisPRO