Стан во центар или куќа за бегство од градот – инвестирајте во трајна вредност

Во време кога сигурноста и стабилноста се на врвот на приоритетите, вложувањето во сопствен дом претставува една од најпаметните и најдолгорочни одлуки. Без разлика дали се гледате во урбан стан блиску до сè, или во куќа со двор и мирно секојдневие надвор од градот, важно е да знаете дека изборот не мора да зависи од финансиските ограничувања. Халкбанк нуди станбени кредити со поволни услови, создадени да ви помогнат побрзо и полесно да го остварите вашиот план, да станете сопственик на недвижност со трајна вредност.

Финансиска поддршка за стан, куќа или рефинансирање

Станбениот кредит што го нуди Халкбанк е наменет за купување на стан или куќа, но и за рефинансирање на веќе постоечки станбен кредит. Дополнително, ако недвижноста која ја купувате е сè уште во фаза на градба, банката соработува со голем број градежни компании и ви овозможува организирана и безбедна процедура, со целосна поддршка низ целиот процес.

Флексибилни рокови, ниски трошоци

Халкбанк нуди станбени кредити со рок на отплата до 30 години и грејс период до 12 месеци. Она што го прави овој кредит посебно атрактивен е фиксната каматна стапка од 3% до 3,5% за првите 5 години или фиксна каматна стапка од 3,2% до 3,65% за првите 10 години. Нема провизија за обработка на кредитот и нема трошоци за предвремена отплата од сопствени средства.

Сигурност и заштита за вас и вашето семејство

Како дополнителен елемент на сигурност, кредитот е поврзан со полиса за животно осигурување издадена од Триглав Осигурување – Живот АД Скопје, која гарантира сигурност во отплатата и се грижи за добросостојбата на целото семејство, дури и во непредвидени околности.

Паметна инвестиција што добива на вредност со текот на времето

Недвижноста не е само простор за живеење, таа е капитал, стабилност и вредност што се зголемува. Во економска средина што се менува, сопствениот дом е најдобриот одговор на несигурноста. Сега е вистинскиот момент да направите паметен потег и да изградите иднина за себе и за вашите најблиски.

Халкбанк, стабилен партнер за големи животни одлуки

Изборот на стан или куќа е личен. Финансиската поддршка, пак, треба да биде сигурна и докажана. Халкбанк е институција што ве следи во клучните животни моменти, нудејќи не само кредит, туку и совет, поддршка и доверба. Без  скриени трошоци, со јасни услови и професионален пристап.

Можеби ќе ве интересира...

Донации и награди за вработените за Денот на рударите од Рудник САСА

BiznisPRO

Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време

BiznisPRO

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

BiznisPRO