Двојно поголема наплата: рекордни 520 милиони денари за шест месеци – приходи од концесионери за експлоатација на минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123,00 денари. Ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени
133 576 534 денари.

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, што е повеќе од двојно во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година. Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија.

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот.
Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:
• Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за обезбедување усогласеност со законските обврски.
• Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Во тек се постапки за раскин на уште десетина договори.
• Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:
o Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%.
o Надоместок за експлоатација на мермер: 5% од приходот од продадената суровина.
o Зголемување на надоместокот за метални минерални суровини од 2% на 4%.
o Просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.
Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.
Поголеми буџети за општините и одржлив развој
Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во:
• Изградба и одржување на комунална инфраструктура.
• Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.
• Иницијативи за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.

Можеби ќе ве интересира...

Поевтинуваат и бензинот и дизелот, Регулаторна со одлука

BiznisPRO

Нова цена на горивата во Македонија

BiznisPRO

Високи цени на огревните дрва во Македонија: Како граѓаните се справуваат со зимските предизвици?

BiznisPRO