фото Бизниспро

Следниот неработен ден се паѓа во четврток – Ова се преостанатите празници во 2025

Следниот неработен ден би бил 2-ри август кој се паѓа во сабота, но тука придобивка ќе имаат само приватно-вработените кои работеле во саботи, а не и државната апаратура која одмара во сабота и недела ионака.

Потоа доаѓа 28 август кој важи за православните порадид празникот Успение на Пресвета Богородица.

За сите граѓани на РСМ: 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед: 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ: 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ: 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ: 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ: 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

Можеби ќе ве интересира...

Дали во четврток треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 31 октомври 2024

BiznisPRO

ЕОС Матрикс: Имплементацијата на ЕСГ стандардите поттикнува развој на финансискиот пазар и поголема безбедност на податоците 

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите во понеделник – Курсна листа за 17-ти јуни 2024

BiznisPRO