ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Утврдени нови цени на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос намалопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како
што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Волстрит со благ пад

BiznisPRO

Државата дели по 1000 денари месечно за плаќање на струја – еве кој може да аплицира

BiznisPRO

Wizz air го претстави новиот центар за обука на пилоти на аеродромот во РИм – Фјумичино

BiznisPRO