Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

Пензиите ќе се зголемат за 1.000 денари од следниот месец, објави Centar.mk.

Од следниот месец сите пензионери во Македонија ќе добијат повисоки пензии за 1.000 денари.

Ова зголемување ќе важи за сите категории пензии и ќе биде линеарно, што практично значи за сите пензионери ќе има исто покачување.

Економистите оценуваат дека покачувањето од 1.000 денари, иако е позитивно, нема целосно да ги покрие зголемените трошоци за храна, енергенси и лекови, поради огромната инфлација и намалување на вредноста на парите, пишува Centar.mk.

Исплатата на зголемените пензии ќе започне со септемвриската исплата, а средствата се обезбедени од државниот буџет, наведува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Нова супер понуда од Македонски Телеком

BiznisPRO

Wizzair најави три нови авио рути од Скопје

BiznisPRO

УЈП излезе со бројки – еве колку работници не зеле плата за јануари до март

BiznisPRO