Пад на цените на горивата – поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати.

Според пресметките, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари по литар. По ова намалување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 74,50 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 76,50 денари.

Истовремено, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар по литар, и од полноќ ќе изнесува 68,50 денари.

Од РКЕ потсетуваат дека корекцијата на цените е резултат на промените на берзанските котации на нафтените деривати и на курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Новите цени ќе важат до следната пресметка, кога повторно ќе се направи усогласување во согласност со методологијата на Регулаторната комисија.

Можеби ќе ве интересира...

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

BiznisPRO

Управата за јавни приходи доби ISO 9001:2015 сертификат за квалитет во работењето

BiznisPRO

Користење на обновливата енергија ќе се уредува со посебен закон – на јавна консултација до 30 август

BiznisPRO