Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.4 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, информира ДЗС.

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 3.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 5.7 %.

Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година се зголемени за:

0.4 % во однос на претходниот месец
5.3 % во однос на истиот месец од претходната година

Можеби ќе ве интересира...

Почнува одбројувањето до најпрестижниот регионален настан The Economist MeetUp: Светот во 2026

BiznisPRO

НЛБ Банка ги замени корпоративните подароци со донација на храна за лицата во висок социјален ризик – „Свет полн со добрина е свет полн со можности“

BiznisPRO

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

BiznisPRO