фото Бизниспро

Тешки времиња за македонските компании: Над 11 илјади фирми не исплатиле плати кон работниците, а 2.199 не платиле данок на добивка

По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, Управата за јавни приходи утврди значителен број на неплатени обврски.

Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.

Управата за јавни приходи во текот на вчерашниот ден достави персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски и апелира веднаш да го извршат плаќањето.

– Овие средства се дел од јавните приходи кои припаѓаат на граѓаните и обезбедуваат редовно финансирање на буџетските потреби, здравството, образованието и социјалната сигурност.

УЈП остро потсетува дека во следните денови ќе се преземат законските мерки за присилна наплата, велат од УЈП.

Можеби ќе ве интересира...

Во Македонија има изградено нови капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори со вкупен инсталиран капацитет од 1 200 MW обелодени Марко Бислимоски

BiznisPRO

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

BiznisPRO

Одбиени тужбените барања кон државата за Казандол – Државата нема да плати 115 милиони евра отштета

BiznisPRO