Повторно порасна минималната кошничка, за “животарење” на едно семејство потребни се 65.328 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари, соопшти ССМ. Според ССМ кошничката со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 24.064,00 денари и споредена со месец јули 2025 година (23.682,00 денари) е зголемена за 382,00 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114,00 денари, кај лична хигиена има намалување од 74,00 денари и кај транспортот е намалена за 16,00 денари .

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, додека кај храната и пијалоците има зголемување за 2.584,00 денари односно за 12,09% , велат од ССМ.

Можеби ќе ве интересира...

Бундесбанк во загуба за прв пат од 1979 година

BiznisPRO

ЕБОР инвестираше ЕУР 151 милиони во 2024 година во Северна Македонија

BiznisPRO

Регулаторната комисија усогласи 11 подзаконски акти со европските директиви за енергетика

BiznisPRO