„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

 

Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе?

„Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден,  ја доловува магијата на сенката како место каде што животот всушност недвосмислено се одвива. Овој проект, кој е креативна соработка помеѓу Халкбанк и Меккен Скопје, на суптилен но моќен начин, во својата основа ја носи вредноста и важноста на дрвото, преку сенката што ја создава.

Во ова кратко, но ефективно љубовно писмо кон природата, користејќи го дрвото како симбол на живот и обнова, Халбанк потсетува на важноста од грижа и свесност кон природата, начело кое е основа на ХалкЕко платформата.

„Со садењето на 1.000.000 садници, Халкбанк директно и недвосмислено дава свој придонес за позелена иднина на оваа земја. Но, со овој проект, ние одиме чекор понатаму, со цел да ја промениме перцепцијата за одговорноста кон природата која изминатиот период претрпе сериозни загуби и да поттикнеме трајна грижа за дрвјата. Филмот „Во сенка“ е креативен повик за акција, потсетување дека секое дрво е важно и дека, со малку грижа, можеме да создадеме едно подобро, позелено и побезбедно утре“ вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Погледнете го „Во Сенка“ на YouTube каналот на Халкбанк, или на кој било од профилите на социјалните медиуми на банката.

Можеби ќе ве интересира...

Сигурна во секој чекор со Халк Осигурување

BiznisPRO

Индекси на прометот во секторот Трговија, 2024 година

BiznisPRO

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2025 година изнесува 335 609 МWh, што претставува 89.0 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

BiznisPRO