Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.

Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради:

  • непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини,
  • неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник,
  • непочитување на мерките за заштита на животната средина,
  • пренесување на концесијата на друг субјект без согласност,
  • експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.

Во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.

МЕРМС води и РЕГИСТАР на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.

Министерката Сања Божиновска истакна:

„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува:

  • Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки за усогласеност со законските обврски.
  • Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите, а едностран раскин на договори се применува кон оние кои не ги почитуваат законите.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на обезбедување економски придобивки од експлоатацијата на минералните суровини и одржлив развој кој ги поддржува локалните заедници.

Можеби ќе ве интересира...

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

BiznisPRO

Просечната бруто-годишна заработувачка за 2022 година изнесува 576 298 денари, а просечната бруто-месечна заработувачка за октомври 2022 година изнесува 48 344 денари

BiznisPRO

Димитриеска Кочоска – Каменицки: Македонија и Словачка споделуваат заедничка визија, значајна поддршка во исполнување на реформските процеси

BiznisPRO