Ново зголемување на цените на горивата: бензинот поскап за 1 денар, дизелот и екстра лесното масло за 0,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука за цените на нафтените деривати и горивата за транспорт, според која од денеска стапуваат на сила повисоки малопродажни цени.

Бензините поскапуваат за 1 денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар во однос на цените утврдени на 18 август 2025 година. Со тоа:

  • Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 денари/литар

  • Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 денари/литар

Дизелот и екстра лесното масло поскапуваат за 0,5 денари

Покачување има и кај дериватите за домаќинства и транспорт:

  • ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари/литар и ќе чини 68,00 денари/литар

  • Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари/литар и ќе чини 67,50 денари/литар

Можеби ќе ве интересира...

Курсна листа за 3 март 2025

BiznisPRO

Отворената вештачка интелигенција ги удвојува приходите

BiznisPRO

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

BiznisPRO