Пензионерите се офајдија со покачување од 1000 денари на пензиите, но се незадоволни од ценовните шокови

Со најновото усогласување, пензиите во Македонија пораснаа за дополнителни 1000 денари. Надлежните институции ја претставија мерката како значаен чекор кон подобрување на стандардот на повозрасните граѓани, но реакциите на терен се далеку посложени.

Иако зголемувањето носи моментно олеснување, голем дел од пензионерите изразуваат незадоволство, велејќи дека реалниот ефект е минимален поради континуираното рипање на цените на основните производи. „Што ни се тие 1000 денари, кога лебот, маслото и лековите поскапуваат секој месец?“ – велат загрижени граѓаниж, анализира Centar.mk.

Според експертите најранливите категории и натаму остануваат во ризик од сиромаштија. Тие бараат пообемни мерки – замрзнување на цените на дел од артиклите или субвенции за сметките за струја и парно, особено во пресрет на зимската сезона, пренесува Centar.mk.

Владата, пак, уверува дека покачувањето е дел од поширок пакет мерки за справување со инфлацијата, но признава дека ценовниот притисок е сериозен предизвик. Економските експерти предупредуваат дека ако растот на цените продолжи со исто темпо, секое зголемување на пензиите ќе биде „изедено“ уште пред да стигне до џебовите на граѓаните, пишува Centar.mk.

Можеби ќе ве интересира...

Новата генерација на A1 WayUp ја започнаа својата кариера во А1 Македонија

BiznisPRO

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 16.8 % во мај 2025 година во однос на мај 2024 година

BiznisPRO

УЈП со важно соопштение до компаниите

BiznisPRO