Финансиската писменост е важна животна вештина за сите

На 10 октомври 2025 година, во Europe House Скопје и онлајн, се одржа конференцијата „Beyond Digits – Финансиска писменост за инклузија“, организирана од ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот Beyond Digits, ко-финансиран од Еразмус+. Настанот обедини 70 учесници од едукативни институции, невладини организации, финансиски експерти и семејства на лица со попреченост.

Конференцијата ја отвори модераторката Весна Ефремова, која ја нагласи важноста на финансиската писменост како основно право за секого. Јован Сталевски, претседател на ЦЕФЕ Македонија и проект менаџер, го означи официјалниот старт и ги претстави резултатите и новите алатки од проектот, потенцирајќи ја посветеноста за инклузивни решенија во финансиското образование.

На панел-дискусијата „Најдобри практики во финансиската писменост“ беа претставени иновативни дигитални алатки и програми дизајнирани за лица со развојни и интелектуални попречености и беа споделени искуства и примери од Македонија и Европа. Меѓу говорниците беа Кристина Краличин Павлеска од Народната банка, Маргарита Гулевска од „Отворете ги прозорците“, Елена Гагачева од ЦЕФЕ Македонија и Марија Делетиќ од „Златен Сремец“, кои единствено истакнаа дека финансиската писменост треба да биде достапна за сите.

Во текот на конференцијата беа понудени препораки за подобра меѓусекторска соработка и развој на политики во областа на финансиската инклузија, со заклучок дека секоја институција и заедница треба активно да придонесува кон достапност и инклузивност во финансиското образование.

ЦЕФЕ Македонија упатува благодарност до сите учесници, партнери и говорници за инспирацијата и активниот придонес за успехот на конференцијата.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата

BiznisPRO

Петто по ред зголемување на платите во Рудник САСА за последните три години

BiznisPRO

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

BiznisPRO