По учеството на конференцијата ФИННО, делегацијата на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), предводена од Претседателот г-дин Горан Ѓорѓиевски, активно учествуваше на 14. Регионална економска конференција, организирана од Стопанската комора на Црна Гора на 16 и 17 октомври 2025 година.
Настанот беше исполнет со интензивни дискусии и споделување на успешни бизнис приказни, промовирајќи ги одржливиот развој, иновациите и пристапот фокусиран на човекот (human centric approach) во бизнисот.
Шесте панела на конференцијата беа посветени на индустриите клучни за регионот, адресирајќи ги заедничките предизвици: дигитална трансформација, туризам, храна на иднината и човечкиот потенцијал.
Генералната порака беше јасна: најдобриот пат кон создавање општество на благосостојба за сите граѓани не е само аспирацијата за влез во ЕУ, туку итна потреба од длабински реформи кои ќе обезбедат отпорност на општеството при кризи и потреси. Ова вклучува учење од успешните модели на скандинавските земји, Германија и Холандија, но со посебен фокус на искуствата од економиите на Централна и Источна Европа, како што се Полска, Чешка и Словачка.
Зацврстување на билатералната соработка,
Користејќи ја можноста од регионалното собирање, делегацијата на ССКМ, под активно водство на Претседателот Ѓорѓиевски, воспостави бројни контакти со организации од Западен Балкан и ЕУ, како и со амбасади и интернационални организации кои го поддржуваат одржливиот развој. Целта е активно вклучување во европски конзорциуми и проекти финансирани од Европската комисија.
На маргините на конференцијата, на 16 октомври, тимот на ССКМ одржа работен состанок со Претседателката на Стопанската комора на Црна Гора, г-ѓа Нина Дракиќ.
„Средбата со Претседателката Дракиќ помина во исклучително конструктивна атмосфера. Ја евалуиравме досегашната соработка на европски проекти, која има огромен потенцијал, и развивме стратегија за заеднички настап пред регионалните и глобалните партнери кои поддржуваат зелена и сина економија. Нашите билатерални односи се зацврстуваат и директно ќе се преточат во конкретни придобивки за нашите членки”, изјави г-дин Ѓорѓиевски.
Договорена е следна средба во Република Северна Македонија за конкретизирање на заедничките активности.
Преку ваквите стратешки активности и засилено вмрежување, ССКМ обезбедува директни бенефиции за своите членки, вклучувајќи:
• Пристап до финансии и консултации за нови европски програми;
• Обезбедување настап на пазарите и воспоставување на нови деловни партнерства;
• Директен увид во најновите научни и технолошки достигнувања за поддршка на иновациите;